Фокусирај се на она што е важно
Зошто е толку тешко да се живее добро среде хаосот и бучавата? Иако можеби мислите дека ова е проблем на современиот свет, тоа прашање постоело отсекогаш.
Пред 2000 години, античките стоици зборувале за истите предизвици со кои се соочуваме денес, како на пример:
- Како можеме да најдеме внатрешен мир?
- Што е потребно за да бидеме среќни?
- Можеме ли да станеме поотпорни?
Одговорите можат да се најдат во филозофијата на стоицизмот. Ја користам оваа филозофија од 2014 година за да го променам мојот живот и кариера. „Фокусирај се на она што е важно“ е збирка од 70 писма што ги напишав во однос на различни аспекти на животот, од среќата, богатството, здравјето до меѓучовечките односите и многу повеќе.
Овие писма, инспирирани од оригиналните дела на стоичкиот филозоф Сенека, служат како потсетници за да се фокусираме на вистинските работи во нашиот хаотичен живот.
Целта на оригиналните „Писма од еден стоик“ од Сенека била да ги сподели стоичките идеи со својот пријател Луцилиј, кој имал хедонистички тенденции и живеел доста брз живот.
„Фокусирај се на она што е важно“ е инспирирана од тие писма. Ќе ви покаже:
- Едноставни мисловни вежби за да станете отпорни и фокусирани
- Како да живеете во сегашниот момент секој ден
- Автентични стоички вредности за живот исполнет со среќа
- Начин да изградите поголема дисциплина
Накратко, оваа книга ќе ви помогне да живеете добро, и покрај предизвиците на секојдневниот живот.
13 работи што психички силните луѓе не ги прават
Кои модели на размислување и однесување ни помагаат достоинствено да се соочиме со искушенијата и да ги надминеме? Ејми Морин си го поставува ова прашање не само како психотерапевт туку и како личност која претрпела неколку тешки загуби. Додека се соочува со уште една лична трагедија, размислува за природата на психичката моќ и ги набројува тринаесетте работи што нè спречуваат да ја развиеме.
Во оваа книга, авторката ги опишува лошите навики што нè спречуваат да го постигнеме својот целосен потенцијал и ни предлага начини за развивање на психичката сила насочени кон контрола на мислите, емоциите и однесувањето. Благодарение на проверените совети и интересните приказни на нејзините пациенти, ќе можете да стекнете навики на психички силни луѓе. Повеќе нема да се сожалувате, премногу да се навраќате кон минатото, да се плашите од промени или неуспех, или да се трудите да им угодувате на другите. Со новооткриената самодоверба и одлучност, ќе го пронајдете својот пат до среќата и успехот.

