Напнатост. Загатки. Неочекувани пресврти.
Овој пакет психо-трилери е создаден за љубителите на адреналин, мистерија и психолошки заплети. Од првата страница ќе бидеш вовлечен/а во приказни што не се забораваат.
Идеален за:
– љубители на психолошка напнатост и непредвидливи пресврти
– вечерно читање што ќе те држи буден до 3ч сабајле
– моменти кога сакаш да се изгубиш во свет на мистерија
📦 Промо пакет за 1600 ден.+ бесплатна достава до твојата врата
Кратка содржина за „ Службено патување“
Кратка содржина за „Мојот драг маж“
Џејд и Кам Ласки во секој поглед се среќен брачен пар со две прекрасни деца, простран дом и бизнис со ресторани што расте се побрзо. Но, нивниот свет се превртува за сто и осумдесет степени кога Џејд се соочува со маскиран провалник во домот. Додека Кам се бори да ги собере парите за откуп, Џејд почнува да се прашува дали се толку финансиски стабилни како што налага нивниот начин на живот и кои други тајни нејзиниот маж ги крие од неа.
Кам можеби е добар татко, славен готвач и сакан сопруг, но една тајна што тој ја крие од Џејд, го става целото семејство во опасност. Без Кам и Џејд да знаат, провалникот ги гледа и се подготвувада ги претвори нивните семејни тајни во јавен скандал…
Кратка содржина на „Париската вдовица“
Во овој крајно неизвесен трилер на една од најпродаваните авторки на Ју-ес-еј тудеј, Кимберли Бел, патувањето од соништата станува смртоносно кога тајните од минатото ќе ја достигнат брачната двојка во Париз.
Кога Стела се запознава со Адам, мисли дека конечно нашла фин, нормален човек – добредојдена промена во споредба со нејзиното претходно момче и со опасниот живот на висока нога со него. Но, нејзиниот сигурен свет се распаѓа кога Адам исчезнува како последица на експлозија на градскиот плоштад.
Бидејќи не може да го добие, Стела крева паника. Како што истражува француската полиција, се открива дека таа го следела Адам како продавач на ретки и украдени антиквитети со долг список на клиенти криминалци. Потресена од оваа вест, Стела е решена да не замине од Париз додека не ја дознае целата приказна. Дали Адам е случајна жртва или цел на експлозијата? И зошто некој ја следи низ париските улици?
Париската вдовица е неодоливо четиво што се чита брзо. Сместено во едно од најпримамливите места во Европа, ни укажува како злокобните тајни од минатото остануваат со нас – без оглед на тоа колку далеку ќе отпатуваме.