Ејвори е позната организаторка на свадби, но за жал, таа не верува во љубов – барем не кога станува збор за неа. Кога го запознава богатиот ерген Џо Тревис, помешувајќи го со фотограф, нема намера да му дозволи да ја шармира. Но Џо е човек кој се бори за тоа што го сака, а Ејвори сепак не може да му одолее на секси јужњачкиот шармер и топлата летна вечер.
Меѓутоа, по таа една вечер, Ејвори е решена да не дозволи тоа да се повтори. Човек како Џо може да значи само неволја за жена како неа, а таа секако не смее да си дозволи дистракции затоа што е ангажирана за свадбата на годината – настан кој е исклучително важен за неа.
Компликациите сепак почнуваат, ставајќи ја во опасност целата свадба, особено кога испливуваат шокантните тајни на невестата. Но Џо е категоричен дека нема да се откаже лесно, па Ејвори е принудена да се соочи со несигурностите и убедувањата кои произлегуваат од минатото кое би дала сѐ да го заборави. Ситуацијата доаѓа до точка на вриење и таа се соочува со најтешката одлука во својот живот. Само ако ризикува сѐ, вклучувајќи ја својата кариера и своето срце – ќе открие што е најважно во животот.