Победникот беше таа е наслов кој што ја претставува борбата на една млада хероина помеѓу негативните опкружувања. Домашната атмосфера е сведена на постојан немир исполнет со критицизам, непочитување, отфрлање на бесот предизвикан од надворешни услови со надвикување, употребување на физичка сила за неприфатеното неправилно однесување и потценувањето на создадените успеси. Таа во очите на нејзините родители е отсликана недоволно добра, пријателството со добронамерната пријателка Ека, чувствувајќи искрена љубов и среќа за нивната сплотеност, злобата и авторитетниот став нема да дозволат да продолжи пријателството во иста диманика. Поставувањето забрани беа секојдневно присутни, тагата за одалечувањето од Ека се претвори за краток период во трагање на излез. Нора ќе биде принудена да осмисли начин да се извлече од кафезот на темнината, заедно со Ека ќе се обидат да не ги допре влијателноста на загубата, тие спротиставено нанесувајќи им физичка и емотивна болка нема да им се предадат на злото. Нивното пријателство ќе ги ослепи со победливоста, истрајно водејќи ја битката со висока самодоверба и зајакнат став ќе претрпат големи искушенија, неправди и неовозможена поддршка но никогаш нема да им подлегнат на неморалниот и деструктивен ум.