
Во 1960-тите години, во сончевата Сицилија, 15-годишната Олива Денаро сонува за слобода – безгрижно да трча по полињата, да учи нови зборови, да живее живот необременет од традицијата. Но во општество кое вредноста на жената јамери со нејзината послушност, желбите на Олива се сметаат за опасни.
Кога вниманието на несаканиот додворувач се претвора во понуда за брак, Олива е соочена со ужасен избор: да се покори на очекувањата или да се заземе за своето право самата да си ја избере судбината. Нејзиниот пркос ќе ги предизвика вековните обичаи и ќе поттикне значајна промена. Инспирирана од вистинската приказна на Франка Виола, првата Италијанка што одбила „репарациски“ брак откако била силувана, „Олива Денаро” е трогателна приказна за храброста потребна да се отфрлат општествените пранги. Лирската проза на авторката ја оживува борбата на младата жена за самостојност во светот решен да ја замолчи.
Зборувајќи за силата на жената и за моќта на отпорот, „Олива Денаро” е роман што нè потсетува на цената на слободата и на нејзината бесценетост.