Моќна приказна за двајца необични пријатели кои ги спојува љубовта кон едно куче.
Свен е решен: на првиот училиштен ден ќе направи нешто големо, нешто незаборавно. Фора што ќe ги спречи соучениците да го гледаат само како „кутрото момче со епилепсија“.
Паркер, пак, сака да остане незабележлива. По најлошото лето во нејзиниот живот, не верува никому. Но по завршувањето на првиот училиштен ден, открива нешто неверојатно: новото куче помошник на Свен е Алјаска – кучето што порано беше нејзино. Кога го здогледува во негово друштво, ѝ се враќаат сите убави спомени од времето што го поминале заедно. Очајно сакајќи повторно да биде со Алјаска, една ноќ Паркер се маскира и се прикрадува во собата на Свен… Во превезот на мракот, децата си ги споделуваат тајните и стануваат пријатели. Но прекуден тие се туѓинци – и двајцата ја кријат својата болка, копнеејќи по друштво и разбирање.
„Алјаска“ е трогателен роман за болката, храброста и исцелувачката моќ на пријателството. Приказна што ги разоткрива предизвиците со кои се соочуваат младите при созревањето, товарот што секој од нив го носи во душата и пријателството што може да расцвета и во најнеочекувани околности.