Прекрасна божиќна приказна која ги потсетува читателите на најубавите аспекти на Божиќ и Новата година – споделување радост, споделување подароци, убави песни, посебни приказни, забавни игри, зимска идила и незаборавни спомени со оние кои ни се најсакани.
Лизгање на замрзнато езеро, правење празнични колачиња, препрочитување на омилените приказни… сите овие активности и уште низа други се оживеани преку разни слатки животинчиња. Вкусовите, мирисите, глетките, звуците и боите на најубавите празници се евоцирани во универзални сцени кои прикажуваат специјални моменти, споделени помеѓу деца и родители, семејства и пријатели. Читањето на оваа сликовница може да стане една потполно нова празнична семејна традиција!