ПЛАНЕР "TODAY IS THE DAY"
ПЛАНЕР "TODAY IS THE DAY"
  • Load image into Gallery viewer, ПЛАНЕР "TODAY IS THE DAY"
  • Load image into Gallery viewer, ПЛАНЕР "TODAY IS THE DAY"

ПЛАНЕР "TODAY IS THE DAY"

Цена
ден 690.00
Цена со попуст
ден 690.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Нашиот дневен планер е едноставен водич кој има за цел да ти помогне во постигнувањето на попродуктивен, среќен и исполнет живот! Имено, името на планерот со причина е РАНДЕВУ, кое инаку значи средба - обично љубовна. Рандеву со себе! Времето поминато самите со себе не е залудно потрошено време. Сметаме дека секој човек треба да се грижи за себе, своето здравје, своето семејство, да прави позитивни промени, да креира нови навики и сл.

Зошто undated дневен планер?
Овој планер е направен без напишани датуми. Можеш да го користиш во кој било ден од годината, кога и да почувствуваш дека треба да го дизајнираш твојот ден онака како што сакаш. Ако заборавиш да го користиш некој ден, продолжи онаму каде што си застанала, од денес - без обвинувања затоа што немаш пропуштени денови, немаш потрошена хартија како во планерите со веќе напишани датуми.

Празнини за пополнување: Започни го денот со позитивни мисли, цитати и афирмации до себе и одлучи ги твоите приоритети и дневен фокус. Ако можеш да исполниш три задачи и да бидеш задоволна до крајот на денот, кои задачи би биле тие? Што е она на што сакаш да посветиш најголемо внимание денес? Напиши ги твоите мали дневни задачи кои чинат огромно задоволство и кои водат до мали победи кои воедно ќе бидат лично твои дневни достигнувања за коишто си горда на себеси. Веруваме дека фокусот на малите победи умее да ти ја зголеми самодовербата и да те мотивира да продолжиш понатаму. Запиши било какви белешки или потсетници во делот кај белешки: состаноци, закажани термини, разговори со пријатели или пак некој цитат што ти оставил впечаток. Не заборавај да ги напишеш нештата за кои си благодарна денес како и листата на позитивните навики или активности што сакаш да ги додадеш во својот ден. Сметаме дека дневната физичка активност е неопходна за зголемување на нивото на допамин како и другите невротрансмитери. Биди позитивна и активна. Позитивниот став води кон зголемувањето на хормонот за среќа кој е исклучително важен за твојата добросостојба како и за намалување на депресијата, тагата и негативноста. На крајот од денот, застани и рефлектирај мисла или една добра причина за искрена насмевка која ќе ти служи како потсетник за убавите работи што секојдневно те опкружуваат. 

Димензии: А5 
Дебелина на хартија: 100гр. ; тврда корица со спирали. 
Број на страници: 181 од кои 170 листови (денови) за планирање со различни цитати, позитивни мисли и афирмации кон себе.