
Прогласена „најдобра книга“
за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ
Не се сеќавам како завршив во студената вода,
но ова со сигурност го знам:
тоа не беше несреќен случај.
Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас
а непријателите уште поблиску,
но понекогаш е тешко да препознаете
непријател меѓу пријателите.
Моите пријатели ме сакаат.
Сигурна сум дека е така.
Но тоа не значи дека не се обидоа
да ме убијат.
13 минути е роман за една возбудлива
мистерија околу еден обид за убиство,
за недовербата меѓу луѓето, за стравот,
за манипулацијата и за моќта на вистината.
Содржина која едноставно Ве тера да ги
преиспитате сите Ваши врски – и дали навистина
ги познавате луѓето што Ве опкружуваат…