{"product_id":"шпионскиот-брег","title":"Шпионскиот брег","description":"\u003cp\u003eНовиот шпионски трилер на авторката Тес Геритсен нè носи во мал град во Мејн, каде што пензионирана службеничка од ЦИА се бори со духовите од своето минато. Поранештата шпионка Меги Брд доаѓа во приморското село Пјурити, во Мејн, желна да го остави минатото зад себе откако една мисија трагично тргнува наопаку. Сега мирно живее на својата фарма за кокошки, сè уште претпазлива за последиците од настаните кои ја присилиле рано да се пензионира.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКога на пристапниот пат на нејзиниот имот е оставен труп, Меги знае дека тоа е порака од поранешните непријатели кои ја немаат заборавено. Меги за помош му обраќа на друштвото нејзини стари пријатели, сите локални жители, сите пензионери во ЦИА, за да ја откријат вистината кој и зошто се обидува да ја убие. Клубот Мартини, како што се нарекуваат, можеби се состои од пензионери, но тие сè уште се вешти во работата која им вдахнува трошка возбуда во прилично мирниот пензионерски живот.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eРаботата им ја усложнува Џо Тибодо, вршител на должност началника на полицијата во Пјурити. Повеќе навикната да се справува со насилнни туристи отколку со убиства, Џо е вчудовидена од отпорот на Меги да споделува информации, но и од нејзиното друштво, кое секогаш е чекор пред Џо.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eДодека истрагата на Џо се судира со маневрите на клубот Мартини, потрагата по одговори ја присилува Меги повторно да се соочи со својата тајна кариера ширум светот, од Бангкок до Истанбул и од Лондон до Малта. Духовите на нејзиното минато се враќаат, но со помош на другарите и неволната Џо Тибодо, Меги за малку успева да го спаси животот што го изградила.\u003c\/p\u003e","brand":"Матица","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":51032642945060,"sku":null,"price":520.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0263\/6605\/0340\/files\/Screenshot2026-07-06223459.png?v=1783370111","url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d1%88%d0%bf%d0%b8%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b1%d1%80%d0%b5%d0%b3","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}