{"product_id":"тајната-на-тоскана","title":"Тајната на Тоскана","description":"\u003cp\u003eАна е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eНо една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eТрогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.\u003c\/strong\u003e\u003c\/p\u003e","brand":"Сакам книги","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":44179565576228,"sku":null,"price":570.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0263\/6605\/0340\/files\/Tajnite-na-toskana-655x1024.jpg?v=1778676725","url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}