{"product_id":"рок-на-траење","title":"Рок на траење","description":"\u003cp\u003e\u003cspan\u003eОд авторката на бестселерите на „Њујорк тајмс“, За пет години и Едно лето во Италија, пристигнува љубовна приказна што зборува за љубовта и животот на една цела генерација. Дафне Бел верува дека универзумот има план за неа. Секогаш кога ќе запознае маж, добива ливче хартија со неговото име и број – точното времетраење на нивната врска. Знаеше дека со Мартин во Париз ќе има три дена, пет недели со Ноа во Сан Франциско, три месеци со Хуго (нејзиното поранешно момче а сега најдобар пријател) … и уште многу други во текот на дваесет години. Потоа треба да има состанок на „невидено“ со Џејк – а на ливчето го пишува само неговото име. Нема број. Нема крај. Дали конечно е дојдено нејзиното „засекогаш“? Но како што се развива нивната приказна, Дафне почнува да се сомнева во судбината. Што ако молкот на ливчето не е ветување за среќа, туку предупре дување? Особено кога таа крие тајна што може да уништи сè. Раскажан со препознатливата топлина, духовитост и емоционална длабочина на Ребека Серл, Рок на траење е возбудлива, трогателна приказна за љубовта, изборот – и за тоа дали некои нешта се навистина создадени да траат.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e","brand":"АРС ЛАМИНА","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":44166762496036,"sku":null,"price":390.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0263\/6605\/0340\/files\/Screenshot2026-05-09112613.png?v=1778318806","url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d1%80%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b5%d1%9a%d0%b5","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}