{"product_id":"речник-на-говорот-на-телото","title":"Речник на говорот на телото","description":"\u003cp\u003e\u003cem\u003eАко со јазикот луѓето ги прикриваат своите мисли, целта на гестовите е да ги откријат.\u003c\/em\u003e\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКога не сте сигурни дали му се допаѓате некому, обрнете внимание на говорот на неговото тело – тој честопати зборува погласно од зборовите. Овој фасцинантен\u003cspan\u003e \u003c\/span\u003e\u003cem\u003eРечник на говорот на телото\u003c\/em\u003e\u003cspan\u003e \u003c\/span\u003eе практичен водич за брзо читање на луѓето според нивните изрази и гестови, кој може да ви послужи во сите околности, од деловните средини до романтичните врски.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКако поранешен агент на ФБИ и признат експерт за невербална комуникација, Џо Наваро го збогатува својот бестселер\u003cspan\u003e \u003c\/span\u003e\u003cem\u003eШто кажува секое тело\u003c\/em\u003e\u003cspan\u003e \u003c\/span\u003eоткривајќи ни над 400 основни показатели за говорот на телото и стотици дополнителни однесувања. Движејќи се од главата кон стапалата, Наваро ги објаснува скриените значења на многуте свесни и потсвесни работи што ги правиме со нашите тела и нè учи:\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e- да откриеме нечии чувства според движењето и ширењето на зениците\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e- дали соговорникот се плаши или лаже според она што го прави со усните\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e- што значат различни начини на поставување и вкрстување на рацете или на нозете и стапалата\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e- што открива положбата на нашите палци кога стоиме...\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eСо овие сознанијата ќе можете да ги читате вистинските намери на луѓето, но и да пренесувате пораки преку своето тело. Преполна со практични примери од богатата кариера на Наваро, оваа брилијантна книга ви дава нова перспектива за светот и за односите со луѓето. Искористете ги нејзините совети за да изградите самоуверен, успешен и среќен живот во кој можете да уживате. \u003c\/p\u003e","brand":"ТРИ","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":44185085607972,"sku":null,"price":420.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0263\/6605\/0340\/files\/1776784500rechnik-na-govorot-na-teloto-1.jpg?v=1778924093","url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d1%80%d0%b5%d1%87%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82%d0%be","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}