{"product_id":"лето-во-градот","title":"Лето во градот","description":"\u003cp\u003e\u003cspan\u003eДваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценарио за високобуџетен филм сместен во Њујорк. Единствениот проблем? Со месеци има креативна блокада, а рокот за сценариото ѝ истекува на крајот од летото.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e\u003cspan\u003eВо очајна потрага по инспирација, Ел се враќа во градот во кој се заколнала дека никогаш повеќе нема да стапне. Се вселува во стан што во нормални услови не би можела да си го дозволи (со прозорци од под до таван, поглед кон хоризонтот и ново кафуле што веднаш ѝ станува навика). Совршено место за пишување… сè додека не сфати дека нејзиниот нов сосед е технолошкиот „Ерген-милијардер“, Паркер Ворен – човекот со кого имаше неславна авантура на скалилата во еден ноќен клуб пред две години. Веќе комплицираниот однос „од љубовници до непријатели“ штотуку станува уште полош.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e\u003cspan\u003eКога повторната средба со него се претвора во ноќ исполнета со омраза и неочекувана инспирација, Ел сфаќа дека нејзиниот најголем непријател можеби е токму човекот што ѝ треба за да го доврши сценариото...\u003c\/span\u003e\u003cspan\u003e \u003c\/span\u003e\u003cspan\u003eТаа пишува анонимно, а тој е на насловната страница на секое бизнис списание. Тој посетува раскошни настани со црвени теписи, а таа не сака да излезе надвор од својот „емоционално безбеден радиус“ од пет блока. Едно лето. Еден ѕид меѓу нив.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e\u003cspan\u003eЕден договор ги спојува: нему му треба лажна врска, нејзе ѝ е потребен филм базиран на автентични локации низ Њујорк. На двајцата им е потребна пауза од немилосрдните распореди и шанса повторно да ги откријат блескавите облакодери, вкусот на пицата и сончевиот шарм на градот.  Едно лето во Њујорк, еден ѕид меѓу нив и правила што не смеат да се прекршат.Оваа летна романса е само договор. Сè е глума. Ветување.\u003c\/span\u003e\u003cspan\u003e\u003cbr\u003e \u003c\/span\u003e\u003cspan\u003eСè додека веќе не е така.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e\u003cspan\u003e \u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e","brand":"ЧИТАЈ КНИГА","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":43891312721956,"sku":null,"price":590.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0263\/6605\/0340\/files\/FD1C3D42-03CF-4AFA-A557-05A92A8FE2BF.jpg?v=1774905352","url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}