{"product_id":"летните-гости","title":"Летните гости","description":"\u003cp\u003eОд Тес Геритсен, авторката на бестселери од листата на „Њујорк тајмс“, ни доаѓа застрашувачкото продолжение на „Шпионскиот брег“, во кое членовите на клубот „Мартини“ се втурнуваат во потрага по исчезната тинејџерка која има необична врска со нивното сопствено минато.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКога поранешната шпионка Меги Брд се пензионира во крајбрежното селце Пјурити, тоа што го бара е мирно да живее опкружена со прекрасни погледи. Но непријателите од нејзиното минато набрзо се закануваат дека ќе уништат сѐ.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eМеги се избавува благодарние на својата духовитост и колективната интелигенција на клубот „Мартини“, како што се нарекува кругот на нејзините пријатели, поранешни вработени во ЦИА, во кој главно се занимаваат со пиење коктели и книжевни дискусии. Сепак, нивните активности го привлекуваат вниманието на младата шефица на полицијата Џо Тибодо. Сега Џо и нејзините соседи, поранешни шпиони, имаат незгоден сојуз.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКога исчезнува тинејџерка, а соседот на Меги станува главен осомничен, Меги се вклучува во истрагата, решена да ја докаже невиноста на својот пријател. Но богатого семејство на исчезнатата девојка инсистира на апсење. Кога властите откриваат тело на одамна починат човек во блиското езерце, случајот станува двојно комплициран, со незамисливи врски и со долго закопани тајни.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eДодека Џо се справува со две необјаснети мистерии, членовите на клубот „Мартини“ брзаат да ги разоткријат тајните… пред да загинат уште луѓе.\u003c\/p\u003e","brand":"Матица","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":68010630283300,"sku":null,"price":520.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}