{"product_id":"виолинистката","title":"Виолинистката","description":"\u003cp\u003eВенеција – 1704 година. Во овој волшебен град на блескав раскош, очајот и бедотијата никогаш не се далеку. Во градското сиропиталиште, напуштените новородени девојчиња секојдневно се оставаат во малиот отвор во ѕидот.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eОсумгодишната Ана Марија е само едно од триста девојчиња што растат меѓу ѕидините на Пиета – но таа веќе знае дека е различна. Мотивирана и исклучително надарена, таа си има поставено за цел да стане најдобрата виолинистка и композиторка во Венеција и во нејзиниот извонреден свет на бои и звуци, се чини дека ништо не може да ја запре. Па кога маестрото, Антонио Вивалди, ќе ја избере за своја омилена ученичка, Ана Марија знае дека мора да стори сè што е во нејзина моќ за да му удоволи на овој генијален, но тежок човек. Но кога ѕвездата на Ана Марија ќе заблеска и ќе се закани да ја засени ѕвездата на нејзиниот ментор, сонот што толку сосредоточено го следи одеднаш е загрозен.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e„Виолинистката“ е приказна што ќе ве прошета од позлатените палати до калливите канали на Венеција и ќе ви раскаже за незапирливата амбиција на една жена, за нејзиното достигнување на врвот, за болката и победите и за оние кои избираме да ги запаметиме или заборавиме на патот до успехот.\u003c\/p\u003e","brand":"Сакам книги","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":51509730672676,"sku":null,"price":500.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0263\/6605\/0340\/files\/IMG-0292.png?v=1789731243","url":"https:\/\/citajkniga.mk\/products\/%d0%b2%d0%b8%d0%be%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0","provider":"ЧИТАЈ КНИГА","version":"1.0","type":"link"}