Јазли и Бежанци

Јазли и Бежанци

Цена
ден 200.00
Цена со попуст
ден 200.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Иницијацијата во македонската книжевност, Петре М. Андреевски ја остварува преку дебитантското дело „Јазли“, со што се закотвува во т.н. трета генерација македонски писатели. Уште во првенчето се препознава неговата творечка постапка што претставува differentia specifica за поетиката на Петре, а тоа е универзализацијата на локалното, нешто што му обезбедува постојана актуелност кај читачите и критичарите.

Последниот, пак, негов незавршен прозен обид – делото „Бежанци“ – преку тегобен натуралистички стил ја обработува темата на егзилот на Егејците за време на Граѓанската војна во Грција, критички осврнувајќи се кон бегството како единствено решение на бегалците-бежанци. За тоа, тој ќе напише: „А какво е нашето задоволство? Да избегаме некаде како глувци. Да се скриеме во некоја темна дупка. А кој знае за поголем срам од овој. Најголема доблест да ти биде да му избегаш некому“.