Човекот во високиот замок

Човекот во високиот замок

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Човекот во високиот замок е заслепувачки спекулативен роман според кој е направена истоимената популарна ТВ-серија во продукција на Ридли Скот.

Реномираниот култен роман на Филип К. Дик ни дава застрашувачки поглед на алтернативниот свет, во кој еден од сојузниците ја изгубил Втората светска војна. Во оваа кошмарна дистопија, нацистите го заземаат Њујорк, Јапонците ја контролираат Калифорнија, а африканскиот континент практично не постои. Во неутралната тампон-зона во Америка, што го дели светот на двете нови сопернички велесили, живее авторот на илегалниот бестселер. Неговата книга нуди нова визија на реалноста, алтернативна теорија на светската историја, во која силите на Оската биле поразени, и им дава надеж на разочараните. Дали „реалноста“ е во него или, пак, неговиот свет е само еден од многуте други?

„Најбрилијантниот ум на научната фантастика на планетата.“ – Rolling Stone

„Најубавата книга на Дик и еден од најдобрите научно-фантастични романи некогаш објавени.“ – Ерик Браун