
За време на неговата државна служба, од која поголем дел ја има поминато на светската сцена, Винстон Черчил ја разбра и ја употреби моќта на зборовите.
Во неговите говори, книги и во весниците и списанијата тој брилијантно ги артикулираше своите мислења и ја изложуваше неговата визија за иднината. Особено неговите записи и говори за време на војната со нивниот моќен наративен стил и промислена рефлексија, ги фасцинираа многумина од следните
генерации и беа инспирација за нив.
Во својата книга, Мартин Гилберт вешто има избрано 200 извадоци од целосниот корпус книги, написи и говори на Черчил, што суштински ја одразуваат неговата животна приказна, неговата кариера и филозофија.
Изборот се движи од спомени за неговото детство и школувањето до неговите придонеси кон повеќе од педесетгодишните дебати за социјалната политика, војната и уредувањето на еден подобар свет по 1945 година.
Тука гледаме како тој моќно ги користи зборовите за различни намени: да дебатира за морални и политички причини, да се застапува за насоки на дејствување во општествената, националната и интернационалната сфера и да ја раскаже приказната за својот живот.