Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.
Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок.
Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори.
Само еден поглед кон дворецот Роузмер ќе ѝ биде доволен да сфати дека мајка ѝ со години го сликала на своите платна. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини. Иако нејзиниот стар живот ја чека да се врати, таа полека се вљубува во англиското село и неговите жители и ја прифаќа новата љубов...
Прекрасен стил, воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.
Киркус ривју