Убиството на Султанот

Убиството на Султанот

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Приказната се одвива во Истанбул, а започнува кога професорот Муштак Серхазин добива телефонски повик од Нузхет, жената која дваесет години порано го напуштила и отишла да живее во Чикаго. Кога таа, по две десетлетија нејавување лежерно го кани на вечера, како работите меѓу нив да се сосема нормални, Муштак доживува силен емоционален стрес. Муштак страда од ретко пореметување, краткотрајно губење на сеќавањето… Кога ќе доживее силна возбуда му се случува на неколку часа да го изгуби чувството за сопствен идентитет и за она што го работел или каде бил. По телефонскиот повик Муштак ја губи свеста, а кога повторно ќе дојде на себе ќе утврди дека се наоѓа пред станот на Нузхет. Вратата е отворена и тој влегува и го затекнува лешот на Нузхет. Нузхет е убиена со отворач за писма на чија што дршка е туграта на султанот Мехмед Освојувачот.
Како историчар, со кревок и комплексен психолошки систем, Муштак Серхазин е фасцинантен и како истражувач и како раскажувач. Со потсетувањето на ликот Раскољников од романот на Достоевски, на Фројдовиот есеј „Достоевски и таткоубиството“ и на Кројцеровата соната од Толстој, како и на турската историја – особено на периодот на владеење на Мехмед Освојувачот, кој што го донел Декретот за братоубиството – романот на Умит го истражува концептот на убиство како метафора. Главна тема на романот не е толку идентитетот на убиецот, колку што се историските и психолошките притисоци што луѓето ги наведуваат да станат убијци. Социјалните, историските и психолошките аспекти го прават овој роман многуслоен, а едно од интересните прашања со кое читателот се соочува е следново: дали историјата е составена од настани во минатото или од толкувања што на тие настани им ги даваат историчарите?