Тајните на мажените жени

Тајните на мажените жени

Цена
ден 420.00
Цена со попуст
ден 420.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Три најдобри пријателки.
Три совршени бракови.
Но, дали работите се такви
какви што изгледаат?

Тајните на мажените жени е роман исполнет со предизвиците на модерните брачни врски и го поставува прашањето: колку добро можеме да ги познаваме нашите сопрузи, нашите пријатели, па дури и себеси?
Кога сопругот на Џил ќе открие дека не може да има деца, нивниот брак полека ќе почне да се распаѓа, а Џил не знае како да го поправи. Разочарана, таа бара утеха кај своите пријателки: жестоката Ли, со својата моќна кариера и со семејство кое ја обожава и едноставната Венди, која има совршен брак на кој секоја жена би ѝ завидувала.
Животите на Ли и на Венди изгледаат совршени. Но, под површината се наоѓаат огромни тајни што можат да го расипат нивното пријателство.
Ли е уморна од сопругот што постојано останува дома и бара возбуда – надвор од брачниот кревет. Венди, и по седумнаесет години брак, не може да сфати дека нешто недостасува во нејзиниот живот.
Бидејќи Џил е длабоко вовлечена во односите на своите пријателки, таа се соочува со сопствено искушение: еден интригантен странец, чиј добар изглед и шарм ѝ предизвикува моментална заинтересираност.