
Тајниот дневник на Адријан Мол 13 ¾ претставува храбро видување на животните тешкотии на еден пубертетлија. Отворено пишувајќи за брачните несогласувања на своите родители, за своето куче, за својот живот на чувствителен поет и несфатен интелектуалец, трогателно искрениот и духовит дневник на тинејџерот Адријан Мол е култна книга за сите генерации.