
На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби и еден фрагмент од нејзината облека. Во скриена задна соба, на една куќа во Еднибург, вистинската Елејн вреска во темнината, плашејќи се од нешто, кое е многу повеќе од физичка болка.
Инспектор Лук Каланах, зад себе остави ветувачка кариера во Интерпол – желен да се докаже на новиот тим во локалното подрачје. И кога едвај стапна во новата канцеларија, случајот за исчезнатата жена прерасна во истрага за убиство, во кој убиецот ги сокрива трагите со внимателна прецизност. После извесно време, киднапирана е уште една успешна жена, која умот го цени повеќе од телото. Каланах е во трка со времето или пак тој така мисли?
Судбината на киднапираните жени, ќе се покаже многу повеќе изопачена, отколку што може да се претпостави...