Сличната

Сличната

Цена
ден 480.00
Цена со попуст
ден 480.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Нејзината мајка добива панични напади и само со една пилула се ослободува од демоните што ја мачат. Таа се плаши да не ја наследи менталната историја на својата мајка. Интензивен психолошки трилер, кој не познава граници помеѓу вистината и лагата – реалноста и заблудата.

Сиена порасна во темната сенка на параноичните илузии на нејзината мајка. Сега таа се враќа дома да се соочи со нејзиното минато и со нерешеното убиство што ѝ го смени текот на нејзиниот живот. Во затворената куќа на нејзината мајка, стравот што со години ја прогонува Сиена преминува во параноја – мисли дека таа е целта на убиецот. Потоа следат и други стравови: убиецот не само што има намера да ја поправи својата грешка од минатото, тој веќе и ја гледа… Таа повеќе не може да разликува што е реално, а што имагинирано. Една мрачна мисла ја притиска нејзината глава и сака да излезе… Но, дали овие стравови се разликуваат од оние што ја мачат нејзината мајка и дали ќе ѝ се оствари нејзиниот најлош кошмар или пак, ќе демаскира убиец?