Сиракот од Варшава

Сиракот од Варшава

Цена
ден 480.00
Цена со попуст
ден 480.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Варшава, 1942 година: младата Елзбиета живее удобен живот со родителите кои ја посвоија. Таа не може ни да претпостави што се случува од другата страна на пространиот ѕид кој е изграден близу нејзиниот дом – каде што некогаш живееја нејзините соседи Евреи. Родителите на Елзбиета ѝ укажуваа за бруталноста на Германците кои патролираа по улиците и дека таа треба да го крие нејзиниот идентитет. Но и покрај тоа, таа сепак се спријателува со Сара која работи како медицинска сестра и е нејзина најблиска сосетка. Таа и Сара доаѓаат до откритие кое ќе ги одведе во опасен свет на измама и херојство.

Користејќи ги ингеренциите на Сара, Елзбиета влегува во гетото – зад ѕидовите. Таму се сретнува лице в лице со суровата реалност на војната и маката на семејството Горка кое треба да донесе невозможна одлука: да се откаже од својата новородена ќерка или да ја остави да изгладне до смрт. За Роман, братот на новороденчето, ова е последна капка која ја прелева чашата и го поттикнува на бунт со жар – што дури и неговата љубов кон Елзбиета не може да ја потисне. Неговата непромисленост ги изложува на опасност Елизбиета и нејзиното семејство, кои сè до тој момент не искусиле длабочини на страв – што никогаш не можеле ни да ги замислат дека се можни.

Срцепарателна приказна за Елзбиета и опасниот обид на Роман да ја поврати љубовта и животот што некогаш го имале.