Ова дело претставува автобиографска приказна за животот на познатата италијанска писателка Сузана Тамаро. Во него раскажува за своето осамено детство, за стравовите што ги имала и прашањата на кои никој немал одговор. Раскажува за бракот на нејзините родители , за баба ѝ која многу ја сакала и ја поттикнала да пишува, за посетата на училиштето за филм и за љубовта кон природните науки. Топла, сочуствителна, трогателна...