ПРЕСТАНИ ДА ИМ УГОДУВАШ НА ДРУГИТЕ!
Научи како да поставиш граници
и како слободно да кажеш НЕ – без чувство на вина!
Зарем не ти досади тоа што луѓето те искористуваат? Дали си
уморен/на од колегите, пријателите, па дури и роднините што си
земаат за право да го користат твоето време и очекуваат да им
бидеш достапен кога ѝ да им затреба нешто? Ако е така, тогаш ова е
вистинска книга за тебе – Речи НЕ без чувство на вина!
Во оваа книга ќе откриеш:
• Како и самиот автор ги пребродил навиките да им угодува на другите луѓе.
• Список на најчести причини кога велиме ДА,
а знаеме дека треба да кажеме НЕ.
• Десет едноставни стратегии како на фин начин да го одбиеме барањето.
• Зошто зборот НЕ, не нè прави лоша личност (напротив!).
• Најдобар начин да развиеш навика за да воспоставиш лични и
професионални граници.
• Како да знаеш дали си личност што им угодува на другите.
Плус бонус поглавје:
• Како да речеш НЕ на посебни групи луѓе како што се брачни другари,
деца и пријатели (о да, можеш и нив да им речеш НЕ!)
Не дозволувај луѓето да те земат здраво за готово, преземи контрола над
својот живот така што ќе речеш НЕ без чувство на вина!