ДЕСЕТ НАЈДОБРИ КНИГИ ЗА 2017 ГОДИНА СПОРЕД VOGUE
ДЕСЕТ НАЈОМИЛЕНИ КНИГИ НА ГОДИНАТА СПОРЕД SLATE
НАЈДОБРИ КНИГИ ОД ЖЕНСКИ АВТОРИ СПОРЕД CUT
НАЈДОБРИ КНИГИ НА ГОДИНАТА СПОРЕД ELLE.COM
Франсис е млада жена со навидум студен карактер и мрачна надворешност, која се занимава со пишување додека студира во Даблин. Нејзин најдобар пријател е убавиот и самобендисан Боби. Една вечер на еден локален поетски перформанс, тие се сретнуваат со една позната фотографка и при секоја нова средба Френсис постепено влегува во нејзиниот свет. Френсис е импресионирана од нивниот софистициран дом и нејзиниот згоден сопруг, Ник. Но, колку и да изгледа забавен флертот на Франсис и Ник на почетокот, тие покажуваат чудна, а потоа и болна блискост.Напишан со прецизно избрусена содржина налик на скапоцен камен и исполнет со лукава смисла за хумор,
РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ е роман за неисполнетите задоволства во животот, младешките опсесии и неконтролираното женско пријателство.
„РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ е роман за една девојка разочарана од студентскиот живот што започнува афера
со постар и оженет човек.“, Зеди Смит
„Врвен. Магичен.“, Куртис Ситенфелд