Разговори во Париз

Разговори во Париз

Цена
ден 400.00
Цена со попуст
ден 400.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, имаат седнато најзначајните писатели од втората половина на XX и од почетокот на XXI век. Обидувајќи се низ разговорите со нив да направи нивни портрети, таа креирала и слика на епохата.

Отсекогаш сме сакале да дознаеме што повеќе за најголемите автори. Современи класици, нобеловци, влијателни мислители и исклучителни креативци што оставиле огромна трага во литературата и надвор од неа се распостилаат себеси во овие исклучителни дијалошки профили.

На страниците од книгата исцртани преку нивните зборови, се откриваат фасцинантни животни ставови и размисли. Ова е еден патоказ во светот во кој современиот човек не знае каде попрво да се сврти.

Драмата на постоењето и борбата за човековото достоинство може да се учат од нивните животи и дела, како и постојаноста, духовноста, љубовта кон Речта, и спасот што таа го носи со магичното дејство.

„Разговори во Париз“ е мисла за убавината на животот, важноста на зборовите, судбоносната леснотија на сеќавањето и трагата што ја оставаме за идните генерации. Некогаш мислите на писателите се предупредувања што може да го снајде човештвото, а некогаш преку нив се искажува голема верба во човекот и неговата работа.