Пурпурната наметка

Пурпурната наметка

Цена
ден 550.00
Цена со попуст
ден 550.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Продолжувајќи ја приказната за византиската царица Теодора и цар Јустинијан, "Пурпурната наметка" ни открива заводлива и несекојдневна царица, што испливува од сенката на историјата и влегува во блескава светлина. Некогаш речиси робинка, ќерка на мечкар што трчала боса по улиците на Цариград, станала царица на Источното Римско Царство и најмоќна жена на светот.

Мудра, храбра и бездушна, Теодора владее паралелно со својот сопруг и во светот на политичките бракови тие се единствената двојка што ја поврзува љубовта. Додека на границите на Царството беснеат војни, Теодора открива дека најголемата опасност за нејзината власт и за нејзиниот живот се наоѓа многу поблиску до палатата. Дури од разорните и морничави востанија што пламтат низ целиот град, од одмаздољубивите непријатели што никогаш нема да ја прифатат "Теодора од борделот", од заговорите и убиствата, таа ќе научи што значи да бидеш царица.

Опфаќајќи го периодот од драматичните дваесет години владеење на Теодора, "Пурпурната наметка" претставува жив портрет на таа харизматична, несекојдневна жена, а исто така и занесно истражување на уживањата и на товарот на моќта.

"Во рацете на Стела Дафи, Теодора станува буен, сложен лик, од кој силно блеска светлината на животот." - Гардија