
Зигмунд Фројд сметал дека основите на човечкото однесување се наоѓаат во секојдневниот психолошки живот. Во ова дело систематски ги истражува симптомите, природата и факторите (наследни, органски и социјални), патолошките состојби и процеси во менталниот живот. Зошто ги забораваме имињата, странските зборови намерите...За сето ова Фројд зборува на начин кој им е близок не само на стручњаците од оваа област туку и на секојдневниот читател.