Признание

Признание

Цена
ден 430.00
Цена со попуст
ден 430.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Една ноќ, непознат маж влегува во луксузниот дом на поз­натиот банкар и тајкун Хари Макнамара и неговата жена Џули. Непознатиот, го претепува Хари додека згрозената Џули сето тоа само го набљудува, скаменета од страв. Речиси неполн час после нападот, ЏП Карни, се предава на полицијата. Признава дека до смрт го претепал Хари, но тврди дека нападот не е смислен претходно и дека не го знаел името на жртвата. Со оглед на тоа дека станува збор за озлогласениот банкар Хари Макнамара, детективите не можат, а да не се запрашаат, дали е навистина случаен чин на насилство или е поврзан со еден од многубројните гревови на Хари: корупција, себичност, прељуби, предавство… Овој возбудлив психолошки крими-трилер ќе ве натера да се запрашате кој е вистински виновник: Хари, Џули или ЏП? И дали предавањето на Карни е мотивирано од грижата на совест или неговото признавање е уште еден пресметан потег во таа смртоносна игра? Авторката Џо Спејн мајсторски ги портретира ликовите, но и случувањата во Ирска – Келтскиот тигар – пред економскиот подем и по крахот во последните децении.