Пред да те пуштам да заминеш

Пред да те пуштам да заминеш

Цена
ден 470.00
Цена со попуст
ден 470.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Лекси и Ени беа двe неразделни сестри. Уште како деца не можеа една без друга. Кога нивниот татко ненадејно почина, заедно успеваат да ги надминат бурите во нивните животи. Но подоцна како возрасни, патиштата им се разделуваат. Лекси е докторка мажена за успешен хирург. На Ени животот ѝ тргнува наопаку. Работите кои ја прогонуваат ги пишува во нејзиниот дневник: нејзините тајни и стравови од детството. Сакајќи сето тоа да го надмине, несвесно се предава на најлошиот порок – дрога. Но, зависноста е подла и најискрените луѓе ги правеше вешти манипулатори.

Дрогирана и бремена, Ени бара утеха од нејзината сестра. Прегратката на Лекси за неа е најбезбедното место на светот – тврдина која го ограничува нејзиниот гнев и ја држи подалеку од лоши работи. Но, дали бебето што го носеше Ени во нејзината утроба беше единствениот мотив да се избори со зависноста или пак заедно со себе ќе ја повлече и нејзината сестра во амбис?

Неверојатна драма за сестринската пожртвуваност и границите на љубов кои се протегаат толку далеку сѐ додека не се раскинат.