Повторно роден

Повторно роден

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Едно утро Џема се качува во авион заедно со шеснаесетгодишниот син Пјетро. Тргнуваат за Сараево, град што го нема посетено откако го напушта во хуманитарен авион со новороденчето в раце, град што сè уште носи видливи лузни од војната во деведесеттите. На аеродромот ги дочекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого се запознава во далечната 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работи на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја среќава љубовта на својот живот, Диего, фотографот од Џенова што слика вирчиња.

Романот раскажува токму за оваа љубов, страсна и несовршена како и сите вистински љубови. Но раскажува и за трнливата голгота на Џема кон мајчинството, за стравотната војна, за неизмерната болка и за загубата, но и за надежта, отелотворена во Пјетро.

„Повторно роден“ е добитник на наградата „Кампиело“ во 2009 година. Пенелопе Круз и Емил Хирш ги толкуваат главните улоги во филмот снимен според овој прекрасен роман.