
Шарлота Абот излегувала речиси со сите пожелни момци во Батлер, освен со еден што упорно го одбива.
Тајлер Весткот е сигурен дека Чарли е вистинската жена за него и ќе направи се за да ја освои. И се придружува на нејзината група за трчање и ја повикува на маратонски предизвик, а сите знаат дека таа никогаш не одбива предизвик. Тајлер знае дека зад тешкиот нарав и ароганцијата на Чарли се крие мила и нежна жена, што тој сака да ја запознае подобро.
Кога Чарли ќе се повреди при трчање по планината, Тајлер е подготвен на се за да и докаже дека тие двајцата се совршена двојка...