Небото над реката Чарлс

Небото над реката Чарлс

Цена
ден 350.00
Цена со попуст
ден 350.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Дозволете си да бидете дел од оваа величествена и трогателна приказна…

Сместена покрај кејовите на реката Чарлс во Бостон, Масачусетс, оваа топла и емотивна приказна ќе ве поведе на необично патување во кое цврсто се преплетуваат минатото, сегашноста и иднината. Џејмс е талентиран и врвно образован музичар, со потекло од старо и угледно бостонско семејство. Но, тој е човек со темна судбина којашто постојано го влече нана зад, кон минатото…

Софија е млада и амбициозна адвокатка, родум од Глостер, која живее напорен живот во големиот град – со нозете цврсто застаната на тлото и со блескав поглед свртен кон иднината. Судбината ќе ги спои младите животи на овие двајца луѓе во прекрасниот и елегантен Бостон, покрај бреговите на реката Чарлс. Настаните во големиот град им носат драматични пресврти на главните протагонисти, а животот носи премрежија коишто безусловно ќе мораат да ги премостат.

Но вистинската љубов не познава граници: Таа е поголема од животот!