Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот.
Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како:
- да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат
- да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор
- да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот
- да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех
- да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат
- да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат
Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.