Мајка од магла (претпродажба)

Мајка од магла (претпродажба)

Цена
ден 320.00
Цена со попуст
ден 320.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Млада девојка од село од Прилепско, намачена од работа, сонува за подобар живот во главниот град, каде што со истиот напор ќе може да си обезбеди подостоинствен живот од моменталниот кој ѝ се чини како вртење во круг. На патот кон остварувањето на нејзиниот сон ја спречуваат непланираното раѓање дете и сопругот алкохоличар. Но наместо да го уништи нејзиниот сон, ќерка ѝ е причина уште поупорно да работи за неговото остварување. Многу борби и одрекувања се пред неа, но не ја запираат. Главниот град е под нејзините нозе, а таа се труди со сите сили како за себе, но многу повеќе за ќерка си да обезбеди достоинствен живот. Но, во таа борба за подобар живот за своето дете, таа се оддалечува токму од него.

Дали ќе успее во своите животни желби и како ќе се одрази сето тоа на неа и односот со ќерката? Дали успехот е гаранција за среќен живот?

Книга што ќе ве поттикне да размислувате за вредностите во животот. За приоритетите. За односите со блиските. Книга што мислите дека можете да предвидите како ќе заврши, ама на крај ќе ве остави во шок.