Малата пациентка

Малата пациентка

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Изабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“ – каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во непосредна близина на семејната куќа на Изабел, во езерцето за патки. На тоа кобно место Изабел е затечена покриена со крвта на Мејси и осудена за убиство, а казната ја издржува во најригорозната психијатриска установа под надзор на медицинската сестра Лиа.

Откако Лиа е назначена за медицинска сестра на Изабел, таа е решена да остане професионална и покрај шокантното злосторство што Изабел наводно го извршила во нејзиното минато. Леа поминува сѐ повеќе време со Изабел, таа ја запознава како млада и невина девојка – некој што никогаш не би можела да го гледа како убиец. Но, таа не е единствената која фрла сомнеж околу мистеријата поврзана со малата пациентка. Креирана е интернет-страница за зависници од криминал, каде што многумина го потврдуваат истиот сомнеж – Изабел е неправедно осудена.

Но, дали Леа поради своето болно минато прави погрешна проценка додека се приближува сѐ поблиску до пациентката? Или пак на едно дете му е неправедно одземено детството?