
Оваа книга ќе биде особено интересна за сите оние што сакаат книги со историска подлога и историска фикција.
Предизвикана од Кодот на Да Винчи и тврдењата во него дека Исус бил оженет со Марија Магдалина, Анџела Хант ја раскажува приказната за Магдалина, претставувајќи ја како една голема феминистка, но, притоа фрла поинакво историско светло на нејзиниот живот, отсликувајќи ја како проститутка.
Но, никој и никогаш не размислувал, како таа стигнала до тоа скалило во својот живот. Што се случило со неа, што ја донело пред Исус и како станала отфрлена жена?
Ова е книга полна со чувства. Од страница по страница почнуваш да сочувствуваш со неа и да ја поддржуваш во нејзината битка. Ако сакате, легендарната приказна да ја видите од една друга перспектива, прочитајте ја оваа книга.