
Кој знае каква љубов може да се доживее за време на летото?
Шан Бишоп го напушти зовриениот град и започна нов живот на село. Со своето синче, градина како од разгледница и нејзината работа која доживува процут, среќна е и премногу зафатена. И одеднаш, една прекрасна летна ноќ, се појавува Гас Бересфорд. Истражувач, заводник, Гас е неверојатно возбудлив, предизвикувачки гламурозен и - како што Шан се убедува себеси - сосема погрешен избор за самостојна и претпазлива жена како што е таа. Но Шан и Гас се знаат од поодамна... И покрај нејзините намери, нема да помине долго време, а таа повторно ќе се вљуби во него..