„Топло, романтично и страсно…“
– Харлекин Џанки
„Ако сакате секси книга, исполнета со забава, што ќе ви го стопли срцето, нема да згрешите со Џенифер Пробст!“
– Џил Шелвис, најпродавана авторка според Њујорк тајмс
Офелија Бишоп е вљубена тинејџерка. Таа и младиот Кајл Кимптон заминуваат во Холивуд, заедно да ги остварат нивните соништа. Кога ќе сфати дека на Кајл кариерата му е поважна од нивната врска, Офелија се откажува од својата амбиција и се враќа дома да го води фамилијарниот пансион.
Кајл се враќа во родниот град, со цел на мир, надвор од напнатиот живот во Холивуд, да го напише неговото најдобро филмско сценарио, таму каде што ја сретна неговата најголема инспирација – својата прва љубов…
Меѓутоа срцето на Офелија е еднаш веќе скршено и таа е свесна дека тој секој миг може да се врати во Холивуд… Дали Кајл ќе се осмели да ја смени својата љубовна приказна и да направи крај за паметење?
„Љубовна приказна што ќе ја засакате.
Од срце ја препорачувам.“
– Ема Чејс
„Како и секогаш, Џенифер Пробст никогаш не разочарува, испорача романса што вжештува и на некој начин ги привлекува тие емоционални срцеви реакции“
– Фор чикс флипинг пејџис