
Една летна ноќ, полицијата наоѓа мртво тело на млада жена, оставено на јахта, која слободно ја носат струите околу архипелагот на Стокхолм. Белите дробови ѝ се полни со застојана вода. Форензичарите се сигурни дека таа се удавила. Тогаш, зошто јахтата и понатаму слободно плови и зошто нема никакви траги од вода на телото и на нејзината облека?