Книгите кои го проголтаа татко ми

Книгите кои го проголтаа татко ми

Цена
ден 250.00
Цена со попуст
ден 250.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи си чита новели и романи. Еден ден, додека се преправа дека напорно работи, се губи во читањето и исчезнува од овој свет. Ова е неговата вистинска приказна – раскажана од син му, Елијас Бонфин, кој тргнува во потрага по татка си, патувајќи низ класиците на литературата во кои е преполно со убијци, неизмерни страсти, диви ѕверови и други опасности создадени од букви.

Овој неверојатно кус и неверојатно инвентивен роман, со тоа што ни отвора авении што нè растресуваат до сржта, на еден едноставен и директен начин нè потсетува зошто воопшто постојат литературата и читањето.