
Романот на Халед Хосеини “И ПЛАНИНИТЕ ОДЕКНАА“ е незаборавна приказна за потрагата по она загубено делче кое секогаш го пронаоѓаме кај другите. Ова е навистина длабоко потресна приказна за тоа како љубиме, како се грижиме едни за други и како нашите одлуки одекнуваат низ поколенијата кои ги оставаме. После шест години пишување Халед Хосеини за најновиот роман изјави: “Моите претходни два романи во суштина се приказни за татковците и мајките. Мојот нов роман исто така е повеќегенерациска семејна приказна, меѓутоа, овој пат се занимава со браќата и сестрите, и начинот на кој тие љубат, повредуваат, почитуваат и се жртвуваат едни за други“