Играта на лагите

Играта на лагите

Цена
ден 399.00
Цена со попуст
ден 399.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„ИГРА НА ЛАГИТЕ“ претставува уште една загадочна мистерија од перото на Рут Веар, авторката на светските бестселери „Жената од кабината бр.10“ и „Во една мрачна, мрачна шума“.

Пораката пристигнува доцна во ноќта. Само два збора: Ми требате.
Иса веднаш го остава својот секојдневен живот зад себе, ја зема својата шестмесечна ќерка и се упатува кон Салтен. Во тамошниот интернат, сместен во близина на селото, ги поминала пресудните денови од својот живот, денови чија сенка сè уште се надвиснува над неа.
Во училиштето, заедно со своите три најдобри другарки обожавала да ја игра Играта на лагите. Се натпреварувале кој подобро ќе ги убеди луѓето во бесмислените приказни и лаги. Сега, седумнаесет години подоцна, на плажата е пронајдено нешто ужасно. Нешто што ќе ја принуди Иса да се соочи со своето минато, заедно со трите жени што ги нема видено многу одамна, но кои никогаш не ги заборави.
Нивната повторна средба воопшто не е пријатна: Салтен не е безбедно место за нив, не по она што го направиле во минатото. Време е четирите пријателки да ги усогласат своите приказни...