Зло под сонцето

Зло под сонцето

Цена
ден 300.00
Цена со попуст
ден 300.00
Цена
ден 380.00
Распродадено
Unit price
per 

Херкул Поаро се наоѓа на одмор во еден повлечен луксузен хотел во Девон, на југот на Англија. Сè што сака е да му минат деновите во мир и пријатно расположение. Но, во хотелот преовладува атмосфера на тензија. Меѓу гостите е и убавата Арлена Стјуарт Маршал, поранешна актерка и сопруга на капетанот Кенет Маршал, која отворено флертува со сопругот на Кристин Редферн, Патрик. Според Арлена, бракот не треба да биде пречка за малку забава на страна. Така, еден ден таа се упатува на тајно рандеву во Заливот на Пикси, но веќе напладне ја пронаоѓаат мртва, задавена. Ова убиство ја потврдува теоријата на Поаро дека злото демне насекаде, како што претходно ù вели на една од гостинките на хотелот: „Мирно е. Сонцето сјае. Морето е сино. Но, вие заборавате, г-ѓице Брустер, дека насекаде има зло под сонцето“.

Кој е убиецот на убавата Арлена? Кој имал најсилен мотив да ја убие? Херкул Поаро се вклучува во решавањето на овој случај, што, иако на прв поглед изгледа како злосторство од страст, сепак се развива во нешто повеќеслојно и покомплексно.

Романот „Зло под сонцето“, објавен во 1941 година, е роман за кој Агата Кристи добива високи книжевни критики, а доживува и неколку екранизации и адаптација за радиодрама, а во поново време и адаптација како видеоигра. Делото ги содржи сите ноти на писателското мајсторство на авторката. Тоа изобилува со духовити дијалози и ја следи нејзината специјалност за создавање на сложена приказна што всушност на крајот изгледа едноставна.