Дон Кихот - ТОМ 4

Дон Кихот - ТОМ 4

Цена
ден 250.00
Цена со попуст
ден 250.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Изворно објавен во два тома во 1605 година и деценија подоцна, „Дон Кихот“ на Мигел де Сервантес е првиот модерен европски роман, камен-темелник на западноевропската книжевност, дело што има оставено непресметлива трага врз светската култура и човековата колективна меморија.

Едновремено сметан и за еден од најсмешните и за еден од најтрогателните романи во историјата, „Дон Кихот“ ги следи авантурите на епонимниот херој кој, заведен од тогаш популарните витешки новели, си вообразува дека е витез, па го подјармува својот исушен коњ Росинант и, заедно со својот приземен и рационален сосед Санчо Панса – а речиси секогаш со вљубена мисла вперена кон идеалната дама Дулсинеја од Тобосо – тргнува во потрага по светските несреќи: да ги влоши онаму каде што постојат, да ги создаде онаму каде што ги нема. 

Но, како што напредува делото, така се замаглува и острата поделба меѓу Дон Кихот и Санчо Панса, а со тоа се бришат и границите меѓу лудоста и доблесноста, меѓу високите идеали и навидум здодевната здраворазумност. И додека карактерите на Дон Кихот и неговиот штитоносец се прелеваат еден во друг, и перото на Сервантес почнува да се колеба меѓу неговите првични намери и судбината на неговиот омилен херој: „Само за мене се роди Дон Кихот“, вели на крајот, „и јас за него; тој умееше да дејствува, а јас да пишувам“.

Навестувајќи низа постмодернистички техники и исцрпувајќи широка палета можности на жанрот, „Дон Кихот“ го осмислува романот како најеластичниот книжевен жанр и со решавачки потег го постила црвениот тепих за востоличување на идната доминантна книжевна форма.