Дални наковални

Дални наковални

Цена
ден 200.00
Цена со попуст
ден 200.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Може да се каже дека со стихозбирката Дални наковални, првпат објавена во 1971 година, Петре М. Андреевски воведува нова интонација во опејувањето на смртта. Притоа тoj употребува нови жанрови во оваа етапа од своето творештво (како што се тажаленките и редаленките), што ги зајмува од народното творештво и од фолклорот.

Споменатата промена во поетскиот израз на Петре М. Андреевски се забележува во тажачките песни, во воведувањето на дијалогот како драмска форма, обраќањето кон мртвиот, лелеците и оплакувањето, опевањето итн.

Во оваа збирка е сместена и поемата „Смртта на бабарот“ што се смета за едно од најоригиналните дела во македонската поезија, во чиешто толкување се впуштиле многумина теоретичари на книжевноста